Костадиновски: Реализација на неколку инфраструктурни проекти во Истибања
- Општина Виница денеска започна со подготвителни активности за поплочување на две улици во Истибања и за изградба на тротоар на влезот од ова село. Нешто подоцна, најавуваат од Општинатата, ќе продолжи поплочувањето на повеќе помали и потесни улици во градот и во неколку други помали населените места. -Финансиските средства за овој проект во висина од 5,7 милиони денари се обезбедени од Буџетот на Општина Виница, информира градоначалникот Митко Костадиновски.
Виница, 26 март 2026 (МИА) - Општина Виница денеска започна со подготвителни активности за поплочување на две улици во Истибања и за изградба на тротоар на влезот од ова село. Нешто подоцна, најавуваат од Општинатата, ќе продолжи поплочувањето на повеќе помали и потесни улици во градот и во неколку други помали населените места.
-Финансиските средства за овој проект во висина од 5,7 милиони денари се обезбедени од Буџетот на Општина Виница, информира градоначалникот Митко Костадиновски.

Исто така, во Истибања, додава тој, одлична е динамиката и на изградбата на уште еден капитален проект - Регулација на „Кајанечки дол“ во должина од околу 870 метри, во кој е вклучена изградба на два патнички и три пешачки моста.

Оваа инвестиција, според градоначалникот на Општина Виница, Костадиновски, е во вредност од 19,5 милиони денари, средства обезбедени од Министерство за животна средина и просторно планирање, преку владиниот повик за инфраструктурни проекти. ис/вг/
фото: Општина Виница