• сабота, 16 мај 2026

Конференција за втората фаза од проектот за зајакнување на образованието и професионалната регулатива за медицински сестри и акушерки во Македонија

Конференција за втората фаза од проектот за зајакнување на образованието и професионалната регулатива за медицински сестри и акушерки во Македонија

Скопје, 23 април 2023 (МИА) - Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска ќе се обрати на конференција со која ќе се означи почетокот на втората фаза на проектот „Зајакнување на образованието и професионалната регулатива за медицински сестри и акушерки во Македонија 2026 - 2028“.

- Проектот го води Центарот за европска перспектива, официјална институција за имплементација на Словенечката програма за помош и вклучува експерти од голем број институции, професионални здруженија, факултети за здравствени науки, канцеларијата на СЗО во Скопјe, УНФПА и УНИЦЕФ - соопшти Министерството за образование и наука. хс/дма/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан