• петок, 17 април 2026

Консултативна средба со локалното население во Струга за автопатската делница Требеништа - Ќафасан

Консултативна средба со локалното население во Струга за автопатската делница Требеништа - Ќафасан

Струга, 27 март 2026 (МИА) - Жителите од струшките села во чија близина е предвидено да поминува дел од автопатот Требеништа – Ќафасан ќе имаат можност да ги изнесат своите мислења и ставови во однос на проектот на консултативна средба во вторник во салата на Советот на Општина Струга.

Целта, како што информира денеска Општина Струга, е активно вклучување на граѓаните за прибирање мислења, коментари и предлози, разгледување на социјалните аспекти поврзани со проектот, идентификација и заштита на културното наследство и поттикнување на учество на граѓаните во процесот на донесување одлуки.

- Во рамките на подготовката на проектната документација за Коридор 8 – делницата автопат Требеништа – Ќафасан, ќе се одржи јавна консултативна средба со цел ваше активно вклучување во процесот. Средбата е наменета за жителите од: Мислешево, Мороишта, Драслајца, Враништа, Корошишта, Ливада, Заграчани, Шум, Вишни, Радолишта, Калишта, Франгово, Радожда и Делогожда, соопшти Општина Струга.

Ги повикуваат сите заинтересирани граѓани да присуствуваат и активно да се вклучат со свои мислења и предлози, бидејќи, како што е наведено, нивното учество е од големо значење за транспарентен и инклузивен процес. сс/са/

Фото Општина Струга

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан