• петок, 15 мај 2026

Колман по 17 години го напушта Евертон

Колман по 17 години го напушта Евертон

Ливерпул, 15.мај 2026 (МИА) – Шимус Колман на крајот од сезоната го напушта Евертон, клуб во кој мина 17 години. Воедно стана и фудбалска икона на клубот и ја носеше капитенската лента.

Тој во клубот дојде од Слиго Роверс во 2009 година и беше донесе од страна на менаџерот Дејвид Мојс за сума од 60.000 фунти. Колман е рекордер по бројот на настапи за Евертон во Премиер лигата со вкупно 372 одиграни натпревари, а на вечната листа може да се искачи до бројката од 434 натпревари. Тој има пропуштено 140 натпревар за својот клуб за време на 17-годишниот престој.

-   Очигледно, по толку голема одлука, сакам да имам малку време во текот на летото да се фокусирам на она што е следно за мене и моето семејство. Мојата љубов кон Евертон е нешто што сите го знаете – а имам и огромна љубов кон Ирска.

Колман е омилен меѓу навивачите на „карамелите“ и има можност да преземе тренерска улога во Евертон или да ја продолжи својата играчка кариера во друг клуб или во Република Ирска. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан