• четврток, 19 март 2026

Книжевна работилница „Во светот на бајките“ во Кочани

Книжевна работилница „Во светот на бајките“  во Кочани

Кочани, 26 февруари 2026 (МИА) -  Библиотека „Искра“ од Кочани  денеска организира книжевна работилница насловена „Во светот на бајките“, по повод Светскиот ден на раскажувањето бајки.

Работилницата започнува во 10 часот и освен во Кочани, таква активност ќе се одвива и во населбата Оризари.

Во просториите на библиотеката во градот учесници ќе бидат учениците од ООУ „Св. Кирил и Методиј“, а во библиотеката во Оризари, учениците од ООУ „Крсте Петков Мисирков“ од оваа населба. ис/лв/

фото:плакат Библиотека „Искра“

Остани поврзан