• сабота, 22 февруари 2025

Кина бара да не се политизираат трговијата и технологијата откако Јужна Кореја го забрани ДипСик

Кина бара да не се политизираат трговијата и технологијата откако Јужна Кореја го забрани ДипСик

Пекинг, 17 февруари 2025 (МИА) - Официјален Пекинг соопшти денеска дека „релевантните земји“ не треба да ја „политизираат трговијата и технологијата“, откако Јужна Кореја објави дека кинеската апликација за вештачка интелигенција ДипСик (DeepSeek) нема да биде достапна за преземање додека трае ревизијата на нејзините процеси за управување со податоците.

- Се надеваме дека релевантните земји ќе избегнат преземање мерки кои го прошируваат концептот на безбедност или ја политизираат трговијата и технолошките прашања, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Гуо Ѓиакун, на редовната прес-конференција во Пекинг. ссм/

фото: архива

Остани поврзан