• сабота, 18 јануари 2025

Касами: Владината коалиција работи на забрзување на процесот на евроинтеграции

Касами: Владината коалиција работи на забрзување на процесот на евроинтеграции

Тетово, 10 јануари 2025 (МИА) - Претседателот на Беса и тетовски градоначалник Биљал Касами на прашање за уставните измени денеска изјави дека владината коалиција работи на забрзување на процесот на евроинтеграции. 

-Ние како владина колиција работиме интензивно во партнерство со Брисел и со Вашингтон, да најдеме партнери во Софија, затоа што сепак во Софија треба да гледаме наш иден партнер, наш иден пријател. Се додека го немаме овој нов контекс мислам дека уставните измени се тешко изводиливи затоа што тие не се цел по себеси. Значи уставните измени се нели во служба на забрзување и завршување што побрзо на процесот на интегрирање на државата во ЕУ, изјави Касами.

Тој денеска заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски беше во посета на Желино. ас/ев/

ФОТО: МИА Архива 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан