• петок, 20 февруари 2026

Кавадарчанец осомничен за кражба од возило во Велес

Кавадарчанец осомничен за кражба од возило во Велес

Велес, 30 јануари 2026 (МИА) - Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Велес извршиле службен разговор со 36-годишниот Џ.Д. од Кавадарци, поради основано сомнение дека извршил кривично дело „тешка кражба“ од патничко возило.

Според информациите од СВР Велес, кражбата била извршена од патничко возило „голф“ со велешки регистарски ознаки, на паркинг простор на улицата Петре Прличко.

Од СВР Велес информираа дека одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот. По целосно документирање на настанот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава. ад/дма/

Фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан