• вторник, 30 декември 2025

Исчезнатиот кавадарчанец пронајден починат 

Исчезнатиот кавадарчанец пронајден починат 

Кавадарци, 27 декември 2025 (МИА) - Исчезнатиот кавадарчанец бил пронајден починат, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.

-Вчера во 10 часот во ОВР - Кавадарци е пријавено дека во атар на село Куманичево, кавадаречко, е пронајден починат И.К.(66) од Кавадарци, за кој на 24 декември беше пријавено дека се оддалечил од домот. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид извршила увидна екипа од ОВР - Кавадарци. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, појаснија оттаму. свд/ац/

Фото: МИА архива

Остани поврзан