Ирачки Курдистан во услови на регионални непријателства ветува неутралност
- Ирачки Курдистан нема да се вклучи во војната со Иран или во каква било поширока воена ескалација што би можела да го загрози неговото население, изјави денеска претседателот Нечирван Барзани
Ербил, 5 март 2026 (МИА) – Ирачки Курдистан нема да се вклучи во војната со Иран или во каква било поширока воена ескалација што би можела да го загрози неговото население, изјави денеска претседателот Нечирван Барзани.
Заштитата на статусот на Курдискиот регион и нашите уставни достигнувања може да се реализираат само преку единство, солидарност и колективна национална одговорност меѓу сите политички партии и заедници во Курдистан, посочи Барзани.
Тој додаде дека ирачки Курдистан регион ќе остане „камен-темелник на мирот“.
Барзани вчера телефонски разговарал со иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, при што била разгледана пошироката безбедносна ситуација во регионот и ја нагласиле важноста од заштитата на нивните заеднички граници и одржувањето на стабилноста.
Претходно американските медиуми објавија дека американскиот претседател Доналд Трамп размислува да ги поддржи силите на ирачките Курди и опозициските групи во Иран за борба против иранското раководство. Си-ен-ен, повикувајќи се на неименувани извори, објави дека ЦИА работи на обезбедување оружје за силите на ирачките Курди.
Ирачките Курди имаат бројни борци стационирани долж 1.500-километарската границата со Иран, а некои одржуваат врски со курдското малцинство во Иран.
Иранските сили веќе нападнаа курдски групи во соседен Ирак. ми/јт/
фото: МИА архива