• вторник, 14 април 2026

Иранската воена морнарица предупредува на можни напади врз американскиот носач на авиони „Абрахам Линколн“

Иранската воена морнарица предупредува на можни напади врз американскиот носач на авиони „Абрахам Линколн“

Техеран, 25 март 2026 (МИА) - Иранската воена морнарица денеска соопшти дека внимателно го следи движењето на американскиот носач на авиони „Абрахам Линколн“ предупредувајќи дека би бил цел на напади доколку бродот се најде во дострел на иранските ракетни системи.

Командантот на иранската воена морнарица, Шахрам Ирани, изјави дека доколку непријателска група носачи влезе во дострелот, ќе следуваат „разорни напади“.

Тој додаде дека иранската морнарица има „целосна поморска доминација“ во Персискиот Залив, како и контрола над Ормуската Теснина и надзор над движењето на странските воени флоти. ми/сд/

фото: ЕПА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан