• сабота, 21 февруари 2026

Иран одржува воена вежба во Ормускиот теснец

Иран одржува воена вежба во Ормускиот теснец

Техеран, 16 февруари 2026 (МИА) - Иранската револуционерна гарда денеска одржува вежба во Ормускиот теснец, објави иранската новинска агенција Тасним.

Агенцијата наведува дека вежбата наречена „Паметна контрола на Ормускиот теснец“ има за цел да ја тестира подготвеноста на оперативните сили во справувањето со „можни безбедносни и воени закани“.

Вежбата се одржува еден ден пред преговорите меѓу Иран и САД за иранската нуклеарна програма во Женева, објавија британските медиуми.сд/рп/

Фото:МИА архива

Остани поврзан