• петок, 13 март 2026

Иран ги повика земјите од регионот да ги откријат засолништата на американските и израелските сили

Иран ги повика земјите од регионот да ги откријат засолништата на американските и израелските сили

Техеран, 11 март 2026 (МИА) – Портпаролот на иранската армија Аболфазл Шекарчи денеска ги повика земјите од регионот на Блискиот Исток да ги откријат засолништата на „американско-ционистичките сили“.

- Го молам муслиманскиот народ од регионот и земјите од регионот да ни ги покажат скривалиштата на американско-ционистичките сили за да можеме прецизно да ги погодиме оние, кои ги користаt луѓето од регионот како човечки штитови, наведе Шекарчи.

Тој тврди дека американските и израелските сили напаѓаат цивили поради „очај и неможност да се соочат со вооружените сили на Иран“. ми/ссм/

фото: ДПА

Остани поврзан