• четврток, 02 април 2026

Израел тврди дека е убиен командантот на иранската единица „Имам Хусеин“ во Либан

Израел тврди дека е убиен командантот на иранската единица „Имам Хусеин“ во Либан

Бејрут, 12 март 2026 (МИА) – Командантот на дивизијата „Имам Хусеин“, паравоена единица која делува заедно со либанското милитантно движење Хезболах, Али Мусалам Табаја, е убиен заедно со својот заменик и повеќе високи команданти во воздушен напад на израелската војска во Либан во текот на изминатата ноќ, соопшти денеска израелската војска.

Началникот на Генералштабот на израелската војска, генерал-потполковник Ејал Замир, во видеообраќање изјави дека станува збор за иранска единица на Револуционерната гарда чија улога е од Либан да извршува напади врз Израел, пренесе „Тајмс оф Израел“.

- Тоа е иранска дивизија на Револуционерната гарда чија задача е да го напаѓа Израел од територијата на Либан. Со години се обидуваме да ги лоцираме и елиминираме. Минатата ноќ, додека управуваа со огнот кон Израел, беа елиминирани за неколку секунди – рече Замир.

Според наводите на израелската војска, Табаја е поставен на функцијата откако претходниот командант на таа единица беше убиен во израелски напад во октомври 2024 година. јт/

Остани поврзан