Изградена нова пристапна улица „Мирче Ацев“ во центарот на Берово
- Со бекатон плочки и бетонски рабници уреден нов крак од 30 метри, подобрена пристапноста и безбедноста за жителите и посетителите
Берово, 31 март 2026 (МИА) – Во завршна фаза се активностите за изградба на нова пристапна улица – крак од улицата „Мирче Ацев“, во централното градско подрачје во Берово, со што се подобрува пристапноста и инфраструктурната уреденост во овој дел од градот.
Со реализацијата на овој проект, како што информираа од Општината се обезбедува поквалитетен и побезбеден пристап за жителите, како и за посетителите, особено имајќи предвид дека станува збор за централна урбана зона со зголемена фреквенција на движење.
-Станува збор за улица изведена со бехатон плочки, во должина од 30 метри и широчина од 3 метри. Покрај поставувањето на бехатон плочките, извршено е и поставување на бетонски рабници, со што се овозможува подобро дефинирање на коловозната површина и зголемена издржливост на улицата. Со ова се намалува ризикот од оштетувања и се продолжува векот на користење на инфраструктурата, информираа од Општина Берово.
Од локалната самоуправа информираат дека изградбата на вакви пристапни улици претставува дел од пошироките активности за подобрување на урбаната инфраструктура, со акцент на создавање функционални и безбедни сообраќајни решенија за граѓаните.
-Во наредниот период се планира реализација на слични проекти и во други делови од градот, со цел рамномерен развој и унапредување на условите за живот, додадоа од Општина Берово.
Надлежните најавуваат дека ќе продолжат со инвестиции во патната инфраструктура, со фокус на модернизација, подобра поврзаност и зголемување на безбедноста во сообраќајот. вс/дма/
Фото: МИА
