ИДФ: Уништени неколку локации на Хезболах во јужен Либан
- За време на неодамнешните операции во јужен Либан, припадниците на Израелските одбранбени сили (ИДФ) уништија неколку локации што ги користела проиранската милитантна група Хезболах, вклучувајќи и складишта за оружје, соопшти денеска ИДФ.
Тел Авив, 1 февруари 2026 (МИА) – За време на неодамнешните операции во јужен Либан, припадниците на Израелските одбранбени сили (ИДФ) уништија неколку локации што ги користела проиранската милитантна група Хезболах, вклучувајќи и складишта за оружје, соопшти денеска ИДФ.
Припадниците на 769-тата бригада „Хирам“ на копнените сили на ИДФ дејствувале во неколку либански погранични села и уништиле складиште за противтенковски ракети, складиште за оружје, зграда која Хезболах ја користел за лансирање противтенковски ракети кон Израел за време на војната и друга инфраструктура, се наведува во соопштението на ИДФ, пренесува „Тајмс оф Израел“.
Во соопштението се додава дека присуството на оружје и инфраструктура на Хезболах во јужен Либан „претставува очигледно кршење на договорот меѓу Израел и Либан“. јт/
Фото: ЕПА архива