• четврток, 16 април 2026

ИДФ: Од почетокот на судирот во март убиени најмалку 770 оперативци на Хезболах

ИДФ: Од почетокот на судирот во март убиени најмалку 770 оперативци на Хезболах

Тел Авив, 27 март 2026 (МИА) – Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека од почетокот на судирот со милитантната либанска група Хезболах убиени се најмалку 770 оперативци на оваа проиранска група.

Според податоците на ИДФ, меѓу нив се и стотици припадници на елитната група „Радван“ на Хезболах.

Во соопштението се наведува дека во проценетиот број на убиени припадници се вклучени само оперативци кои израелските разузнавачки офицери со сигурност ги идентификувале, и дека вистинскиот број на убиени борци е веројатно поголем.

Либанското Министерство за здравство соопшти дека во израелските напади од почетокот на март загинале повеќе од 1.000 лица. јт/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан