ИДФ издаде предупредување без преседан за евакуација на целото упориште на Хезболах во Бејрут
- ИДФ издаде „итно предупредување“ до жителите на јужните предградија на Бејрут, упориште на Хезболах познато како Дахије, пред планираните напади против терористичката група.
Тел Авив, 5 март 2026 (МИА) – ИДФ издаде „итно предупредување“ до жителите на јужните предградија на Бејрут, упориште на Хезболах познато како Дахије, пред планираните напади против терористичката група.
- Жителите на населбите Бурџ ел-Барајне и Хадат да се движат кон исток кон планината Либан по патот Бејрут – Дамаск. Жителите на населбите Харет Хреик и Шија да се движат на север кон Триполи по патот Бејрут – Триполи, како и на исток кон планината Либан преку автопатот Метн Експрес – изјави портпаролот на војската, полковник Авичај Адрае.
- Спасете ги своите животи и веднаш евакуирајте ги вашите домови – нагласи тој.
- Забрането е движење кон југ. Секое движење кон југ може да ги загрози вашите животи. Ќе ве известиме кога ќе биде безбедно да се вратите во вашите домови – додаде Адрае. јт/
Фото: ИДФ на Х