• четврток, 12 февруари 2026

ЗОИ2026: Штолц најбрз на 1.000 метри брзо лизгање со олимписки рекорд

ЗОИ2026: Штолц најбрз на 1.000 метри брзо лизгање со олимписки рекорд

 

Милано/Кортина, 11 февруари 2026 (МИА) – Американецот Џордан Штолц го освои вечерва златниот медал на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина, триумфирајќи во трката на 1.000 метри брзо лизгање со време на нов олимписки рекорд од 1:06,28 минути.

Дваесетиедногодишниот Американец, кој е светски шампион на 1.000 метри од 2023 и 2024 година, нема пораз на оваа делница сезонава во Светскиот куп и очекувано го освои првото олимписко злато во кариерата.

Среброто го освои Холанѓанецот Јанинг де Бо со време од 1:06,78, додека бронзата му припадна на кинескиот натпреварувач Жонгјанг Нинг (1:07,34).ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан