• петок, 20 февруари 2026

ЗОИ 2026: Злато за Клебо на машкиот скијатлон

ЗОИ 2026: Злато за Клебо на машкиот скијатлон

Милано, 8 февруари 2026 (МИА) – Норвешкиот нордиски скијач Јоханес Хоесфлот Клебо го освои првото место на скијатлонот на Олимписките игри 2026.

Клебо патеката 10+10 км. попладнево ја помина за 46 минути и 11 секунди.

Второто место и сребрениот медал му припадна на Французнот Матис Делож кој заостана две секунди зад победникот.

На подиумот како третопласиран се најде Мартин Нингет од Норвешка кој доцнеше 2,1 секунди зад својот сонародник.

За два дена на Игрите во Италија ќе се одржи машкиот спринт класично на 1,6 км. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан