ЗОИ 2026: Денес ќе бидат доделени медали во девет дисциплини, Јада прв Македонец кој ќе има настап
- На Олимписки игри 2026 во Милано и Кортина, денес ќе бидат доделени девет комплети медали.
Милано/Кортина, 10 февруари 2026 (МИА) – На Олимписки игри 2026 во Милано и Кортина, денес ќе бидат доделени девет комплети медали.
Ќе бидат одликувани најдобрите во:
алпско скијање (женски спуст и слалом)
скијање слободен стил (машки слоупстајл)
биатлон (машки 20 км индивидуално)
скијање крос-кантри (машки спринт)
скијање крос-кантри (женски спринт)
сноубординг (женски биг-ер)
брзо лизгање (машки 1.000 метри)
санкање (женски поединечно)
карлинг (мешани двојки).
Од четирите македонски учесници на Олимпијадата, прв ќе настапи Ставре Јада, утрово околу 10 часот во спринтот крос-кантри.
Норвешка е лидер на табелата медалисти со три злата, еден сребрен и два бронзени медали. Швајцарија е втора која има исто така три златни медали, еден сребрен и еден бронзен медал. зс/
Фото: ЕПА