ЗОИ 2026: Атанасовска не ја заврши првата трка во велеслаломот, води Брињоне
- Македонската скијачка Јана Атанасовска, не успеа да ја заврши првата трка во велеслалом на Зимските олимписки игри 2026.
Кортина, 15 февруари 2026 (МИА) – Македонската скијачка Јана Атанасовска, не успеа да ја заврши првата трка во велеслалом на Зимските олимписки игри 2026.
Атанасовска на патеката на денешната трка мина само триесетина секунди и не успеа да се избори за втората трка.
Атанасовска во првото мерење имаше заостанување од водечката 1,45 секунди зад водечката, на втората контролна станица негативата изнесуваше 2,97, а пота се откажа.
Следен настап на Атанасовска на Олимпијадата во Италија ќе биде слаломот закажан за 18 февруари.
Инаку, водечка по првата велеслаломска трка е Италијанката Федерика Брињоне.
Почетокот на втората трка е закажан за 13:30 часот. зс/
Фото: ЕПА архива