Расел: Треба да ја искористиме ситуацијата
- Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, кој ја освои пол-позицијата во квалификациите за Големата награда на Австралија, го повика тимот да продолжи да работи и покрај значајната предност во перформансите.
Мелбурн, 7 март 2026 (МИА) - Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, кој ја освои пол-позицијата во квалификациите за Големата награда на Австралија, го повика тимот да продолжи да работи и покрај значајната предност во перформансите.
Расел е уверен дека Мерцедес би можел да изгуби позиција ако не успеат да постигнат напредок во наредните трки.
- Тимот дефинитивно треба да ја искористи ситуацијата додека условите се поволни. Иако мојот пристап кон оваа трка беше дека ако ја започневме сезоната водејќи, тоа немаше да гарантира ништо. Исто како што немаше да значи ништо ако завршевме зад конкуренцијата. Бидејќи во ова време од годината, тимовите ќе ги развиваат своите автомобили со многу брзо темпо. Го кажав ова многу пати претходно. Можеме да се потсетиме на сезоната 2022, кога Ферари доминираше на теренот во првите три трки, но на крајот не се ни приближи до титулата. Дури можеме да се потсетиме и на сезоната 2009 и титулата на Џенсон Батон со Браун. Тогаш, шампионатот имаше 17 трки, а ако беа 24, како што е сега, некој друг веројатно ќе го трофејот. Затоа не треба да забавиме, мора да продолжиме да работиме. Треба да размислиме да се осигураме дека болидот на Мерцедес е добар во сите сезони што доаѓаат – а тоа е нешто што не успеавме да го постигнеме во 2022 година, изјави Расел.
Главната трка за Големата награда на Австралија е утре во 5 часот по македонско време. зс/
Фото: ЕПА