Поранешниот фудбалер на Баерн, Ванер, одлучи да игра за австриската репрезентација
- Пол Ванер, играчот од средниот ред на ПСВ, одлучи да игра за австриската репрезентација.
Виена, 8 март 2026 (МИА) – Пол Ванер, играчот од средниот ред на ПСВ, одлучи да игра за австриската репрезентација.
Ова прашање веќе помина во Светската фудбалска асоцијација (ФИФА).
Мајката на 20-годишниот поранешен играч на Баерн Минхен е Австријка, а неговиот татко е Германец.
Ванер претходно играше за младинските тимови на Германија.
Фудбалерот се надева дека ќе игра за Австрија на Светското првенство 2026 година. зс/
Фото: ЕПА