• среда, 15 април 2026

Земјите членки на НАТО минатата година ги зголемија трошоците за одбрана

Земјите членки на НАТО минатата година ги зголемија трошоците за одбрана

Брисел, 26 март 2026 (МИА) - Европските сојузници на НАТО и Канада во 20225 година потрошија рекордни суми за одбрана - изјави генералниот секретар на алијансата, Марк Руте.

Според денеска објавениот извештај, расходите за одбраната минатата година се зголемиле за 19,6 отсто на 574 милијарди долари, а во 2024 година растот изнесуваше 19,4 проценти.

- Сојузничките трошоци за одбрана и производство мора бргу да се зголемат, нашите вооружени сили мора да го имаат она што им е потребно за да нè чуваат безбедни, а Украина мора да го има она што ѝ е потребно за да се одбрани. Нашите влади, парламенти и нашите граѓани мора да бидат заедно во ова. За да можеме да продолжиме да го заштитуваме мирот, слободата и просперитетот - посочи Руте.

И покрај неодамнешните зголемувања, европските и канадските воени трошоци сè уште заостануваат зад трошоците на САД.

Во 2025 година сите 31 сојузник потрошија најмалку 2 процента од бруто-домашниот производ исполнувајќи го ветувањето за трошоци утврдено во 2014 година. Земјите членки на алијансата во јуни минатата година се обврзаа да ги зголемат трошоците за одбрана и безбедност на пет отсто од БДП до 2035 година. ми/сд/

фото: МИА архива

Остани поврзан