• сабота, 16 мај 2026

Зеленски во посета на Саудиска Арабија

Зеленски во посета на Саудиска Арабија

Ријад, 24 април 2026 (МИА) – Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска пристигна во Ријад, на средба со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман.

Тоа е втора посета на Зеленски на Саудиска Арабија во изминатите два месеца. Тој по минатомесечната посета истакна дека Украина и Саудиска Арабија „постигнале важен договор“ за противвоздушната одбрана.

Зеленски работи на зајакнување на врските со неколку држави од Персиски Залив. Тој склучи договори за одбрана, вклучително и еден со Ријад, за споделување на експертизата на Киев за соборување на дронови. Украина тврди дека нејзината одбрана против дронови е најдобра во светот. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан