• сабота, 22 февруари 2025

Задутре онлајн состанок на европските министри за одбрана за Украина

Задутре онлајн состанок на европските министри за одбрана за Украина

Брисел, 22 февруари 2025 (МИА) – Франција и Естонија в понеделник ќе организираат онлајн состанок на европските министри за одбрана на кој ќе се разговара за тоа како да се засили поддршката за Украина.

На видео конференцијата меѓу другото ќе учествуваат претставници на Велика Британија, Германија, Италија и Полска, како и претставници од ЕУ и НАТО, соопштиле неименувани извори за Блумберг.

Европските лидери се обидуваат да смислат нови одбранбени планови со оглед на можноста САД да ја прекинат својата огромна воена и финансиска поддршка за Украина. јт/

 

Остани поврзан