Завршува реконструкцијата на четири улици во Виница
- Блокот 8 на град Виница добива сосема нов лик, смета градоначалникот на Општината, Митко Костадиновски. Ова, како што вели, е последица на извршената реконструкција на неколку сообраќајници во тој дел на градот, со средства од сопствениот буџет.
Виница, 7 мај 2026 (МИА) - Блокот 8 на град Виница добива сосема нов лик, смета градоначалникот на Општината, Митко Костадиновски. Ова, како што вели, е последица на извршената реконструкција на неколку сообраќајници во тој дел на градот, со средства од сопствениот буџет.
-Денеска, со нанесување на вториот слој асфалт на улиците „Пролетерска“ и „Раде Кратовче“ завршивме со комплетната реконструкција на овие две улици. Утре продолжуваме со нанесување на вториот слој асфалт на улиците „Ѓорче Петров“ и „Кочо Рацин“, со што блок 8 добива целосно реконструирани главни сообраќајници, информира Костадиновски. ис/вј/
Фото: Општина Виница