ЕХФ ги повлече Начевски и Николов од листата судии на Европското првенство
- Најдобриот македонски судиски пар, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски нема судии натпревари на претстојното Европско првенство во Данска, Шведска и Норвешка.
Виена, 10 јануари 2026 (МИА) – Најдобриот македонски судиски пар, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски нема судии натпревари на претстојното Европско првенство во Данска, Шведска и Норвешка.
Објаснувањето од Европската ракометна федерација е дека македонските судии се отстранети од списокот поради манипулација.
- Пред ЕП 2026 судиите требаше да поминат тест за нивната физичката подготвеност. Овој процес вклучува и видеоснимки од „Тест за фитнес во повеќе фази“. По доставувањето на снимките од Николов и Начевски, бевме известени дека видеата доставени од двајцата судии можеби се изменети и можеби не претставуваат точен запис од целиот тест. Овие видеа ги оценува партнерот за фитнес на EHF, „Fitgood Pro“. ЕХФ го анализираше материјалот дополнително од експертите на Fitgood Pro и го предаде видеото на својот партнер за интегритет, „Sportradar“. Деталната анализа откри докази дека постои голема веројатност дека видеата се манипулирани. За да се заштити интегритетот на ЕП 2026, по интерни консултации со раководството на турнирот одлучивме да ги повлече Славе Николов и Ѓорѓи Начевски од списокот судии, стои во соопштението на ЕХФ.
Европското првенство ќе се игра од 15 јануари до 1 февруари. зс/