• петок, 21 февруари 2025

Ен-Би-Си: САД подготвуваат план за повлекување на сите свои војници од Сирија

Ен-Би-Си: САД подготвуваат план за повлекување на сите свои војници од Сирија

Вашингтон, 5 февруари 2025 (МИА) - Американското Министерство за одбрана развива планови за повлекување на сите американски војници од Сирија, објави денеска телевизијата Ен-Би-Си, цитирајќи двајца претставници на Пентагон.

Претседателот Доналд Трамп и официјални лица блиски до него неодамна изразија интерес за можноста САД да ги повлечат своите трупи од Сирија. Како резултат на тоа, претставниците на Пентагон почнаа да развиваат планови за целосно повлекување во рок од 30, 60 или 90 дена, соопшти Ен-Би-Си.

Портпаролот на американското Министерство за одбрана одби да го коментира ова прашање за телевизија. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан