• сабота, 21 февруари 2026

Експлозија во продавница за огномет во Кина одзеде 12 животи

Експлозија во продавница за огномет во Кина одзеде 12 животи

Пекинг, 18 февруари 2026 (МИА) - Експлозија во продавница за огномет во кинеската покраина Хубеи денеска одзеде 12 животи, објавија државните медиуми, што е втор ваков инцидент за време на прославите на Кинеската Нова година.

Службите за итни случаи го изгаснаа пожарот во продавницата за огномет во градот Сјангјанг, а причината за експлозијата моментно е под истрага, објавија кинеските медиуми.

Огнометите се широко користени за време на прославите на Лунарната Нова година во Кина, но нивната употреба често е причина за многубројни несреќи.

Во друга несреќа во продавница за огномет во источната покраина Џангсу во неделата загинаа осум лица, а две беа повредени.

Властите соопштија дека еден човек запалил огномет во близина на продавницата.

Министерството за вонредни ситуации вчера издаде предупредување против употребата на огномет наведувајќи дека тие претставуваат „најголем ризик“ за време на прославата на овој празник. мс/сд/

фото: Архива

Остани поврзан