• сабота, 16 мај 2026

ДУИ: Коруптивната мрежа со компанијата блиска до Додик е подлабока, откриени два нови договора потпишани од Бурим Латифи

ДУИ: Коруптивната мрежа со компанијата блиска до Додик е подлабока, откриени два нови договора потпишани од Бурим Латифи

4 февруари 2026 

Демократската унија за интеграција соопштува дека Бурим Латифи и државното претпријатие МЕПСО не застанале само на еден договор, туку го продлабочиле соработувањето со компанијата „Елнос БЛ“ од Република Српска, блиска до Милорад Додик. Бурим Латифи и МЕПСО, во истиот ден, склучиле не еден, туку два договори со оваа компанија, што отвора сериозни прашања за начинот и транспарентноста на оваа соработка, се вели во соопштението од ДУИ, што МИА го објавува интегрално. 


ДУИ бара од Латифи јавно и транспарентно да ја објави првичната одлука на надлежниот орган, преку која претпријатието изгубило повеќемилионски спор на штета на државата.


Во досегашните комуникации на МЕПСО и субјектот ВЛЕН, никогаш не е негирана поврзаноста што компаниите дел од конзорциумот „Елнос БЛ“ и „Кодар Електромонтажа“ ја имаат со лица како Милорад Додик и Александар Вучиќ.


Како одбрана, тие нагласуваат дека новиот тендер е добиен од конзорциум предводен од хрватската компанија „Далековод“, позната по своето меѓународно искуство и работење според најстрогите европски стандарди.


Сепак, во нивните образложенија останува нејасно зошто нема никаков осврт на улогата на другите две компании во овој конзорциум или дали молкот е намерен за да се избегне вистината.


Ова е петти ден како Бурим Латифи молчи и не се изјаснува зошто неговите договори со компанијата од Република Српска довеле до штета од 6 милиони евра. Надлежното обвинителство во земјата треба да го истражи секој детал. Станува збор за милионски суми што паѓаат на товар на граѓаните.

фото: ДУИ 

Остани поврзан