• петок, 13 март 2026

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата

Скопје, 12 март 2026

Владата продолжува да биде глува на предупредувањата и да ги игнорира ризиците што го загрозуваат животниот стандард на граѓаните, без да преземе мерки за нивна заштита од нови ценовни удари, се вели во соопштението од ДУИ што МИА го пренесува интегрално.

Сите професионални прогнози и движењата на меѓународните енергетски берзи покажуваат дека од наредниот понеделник се очекува ново и значително зголемување на цените на нафтените деривати. Ова зголемување може да предизвика нов бран на поскапување на производите и услугите, дополнително оптоварувајќи ги семејствата и бизнисите.

Демократската унија за интеграција уште еднаш ги повикува надлежните институции да ги земат предвид нашите предлози презентирани пред неколку дена, со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните и компаниите и да се спречи нов ценовен шок што на крај ќе го платат сите граѓани.

Доколку за спроведување на овие мерки се потребни одлуки преку Собранието, ДУИ уште еднаш изразува подготвеност за целосна поддршка, со цел оваа криза да не падне на товар на граѓаните на Република Северна Македонија.

ДУИ

Фото: МИА архива

Остани поврзан