• сабота, 14 март 2026

Донација од ФХЕМ за Домот за доенчиња во Битола

Донација од ФХЕМ за Домот за доенчиња во Битола

Битола, 11 март 2026 (МИА) - Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија (ФХЕМ) потпиша договор за донација со ЈУ Дом за доенчиња и мали деца Битола.

Донацијата е водена од идејата „Од живите - за живите“, во спомен на децата кои Битола ги загуби за време на холокаустот, но и како израз на грижа и поддршка за децата кои живеат денес, информираа од Фондацијата.

-Минатото не можеме да го промениме, но имаме должност да ја градиме иднината со грижа, солидарност и човечност. Оваа донација ја даваме во спомен на децата кои Битола ги загуби, но со мисла за децата кои се тука денес. Сакаме секое дете да почувствува дека не е само и дека стоиме зад него, истакна Иван Николиќ, претседател на Управниот одбор на ФХЕМ.

За време на потпишувањето на договорот, Николиќ потсети дека пред 83 години Битола изгубила повеќе од 3.000 свои сограѓани Евреи, меѓу кои и голем број деца, кои биле депортирани во центарот за убивање, Треблинка.мт/

Фото: ФХЕМ

Остани поврзан