• вторник, 30 декември 2025

Доделени новогодишни пакетчиња за најмладите и лица од ранливи категории од Крива Паланка 

Доделени новогодишни пакетчиња за најмладите и лица од ранливи категории од Крива Паланка 

Крива Паланка, 29 декември 2025 (МИА) - Петставници на Општина Крива Паланка денеска ги посетија учениците од интернатот „Боро Менков“ и корисниците на Дневниот центар за лица со попречености, кадешто беа поделени новогодишни подароци и испратени искрени желби за здравје, радост и среќни празници. 

-Насмевките и радоста на присутните уште еднаш потврдија дека вниманието и грижата значат многу, особено во празничните денови.Празничните посети беа заокружени со топла и емотивна средба кај семејството Ангеловски, каде што малиот Атанас и неговата сестричка со своите искрени детски насмевки, подарија незаборавни моменти и не потсетија на вистинската смисла на дарувањето.Дарувањето подароци, внимание и грижа за сите дечиња од нашиот град претставува искрено задоволство и обврска која ја исполнува секоја празнична активност со човечност и љубов. Општина Крива Паланка и градоначалникот Митовски континуирано ја потврдуваат својата посветеност во грижата за секое дете, со јасна порака дека секоја детска насмевка многу вреди и празниците треба да бидат радосни и исполнети со љубов, без исклучок, соопшти општнската прес-служба.
Оттаму посакаа новогодишните празници да донесат здравје, радост, топлина и безгрижно детство за сите деца, поканувајќи ги на „Новогодишниот базар" што веќе трет ден, се одржува на градскиот плоштад со програма за сите генерации.

Плоштадот денеска беше место за одлична забава со жонглери, кловнови, Ди-Џеј,  аниматори и актерите од детската претстава  „Мечето Панда и Дедо Мраз".

Присутните можеа да одберат и дел од креативните ракотворби од учениците од средното и основните училишта од градот кои подготвија мини-базар.

Новогодишната магија продолжува вечерва со настапите на Пајак и Лара, и Бени „Нон стоп".ид/лв/


Фото: општина Крива Паланка 

Остани поврзан