• петок, 20 февруари 2026

Доделени наградите за најдобри литаратурни творби на тема „Карневалската маска во мене“

Доделени наградите за најдобри литаратурни творби на тема „Карневалската маска во мене“

Струмица, 20 февруари 2026 (МИА) - Библиотеката „Благој Јанков Мучето“ ги додели наградите на авторите на најдобрите литературни творби  на традиционалниот награден конкурс на тема „Карневалската маска во мене“. 

На конкурсот вкупно пристигнале 113 творби од кои 27 во категоријата ученици од основните училишта од прво до петто одделение, 40 творби ученици од шесто до деветто одделение, 21 творба во категоријата средношколци и 25 творби во категоријата возрасни автори. 

Во првата категорија, првата награда ја доби Тамара Караманова од ООУ „Кирил и Методиј“ од село Дабиле, втората Јаков Тушев од ООУ „Сандо Масев“ и две трети награди добија Виолета Лазарова од ООУ „Видое Подгорец“ и Верица Трајанова од ООУ „Никола Вапцаров“.

Во категоријата на ученици од шесто до деветто одделение првото место го освои Валерија Ѓоргиева од ООУ „Маршал Тито“ од Струмица, втори награди добија Давид Долгоски, од ООУ „Кочо Рацин“ од Прилеп и Вероника Младенова од ООУ „Мануш Турновски“ од Ново Село и третонаградени се Теодора Милославлевиќ од ООУ „Карпош“ од Умин Дол, Куманово и Смиљана Караманова од ООУ „Кирил и Методиј“ од село Дабиле.

Во категоријата на ученици од средните училишта, првото место го освои Софија Стојанова од СОУ „Јане Сандански“ Струмица, второто Софија Трнковска од истото училиште, а добитници на третата награда се Јана Китановска од СОУ „Јосип Броз-Тито“ од Битола и Марија Матеска од СОУ „Мирче Ацев“ од Прилеп.

Во категоријата на возрасни учесници на конкурсот првата награда ја доби Сања Стојанова-Велкова од Василево, втората Магдалена Најдоска од Прилеп и третата Љупка Кљанкова од Струмица. 

Изборот на најдобрите творби го изврши жири комисија во состав Никола Сарајлија, Наташа Василевска-Трајчевска и Зорица Стојева, а конкурсот беше објавен во рамкки на карневалските празнувања во Струмица. рт/вг/

Фото: Општина Струмица

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан