Доброволно противпожарно друштво формирано во Зрновци
- Во Зрновци денеска официјално беше формирано Доброволното противпожарно друштво – Зрновци, со што општината добива подготвеност и поддршка во справувањето со пожари и други непогоди.
Зрновци, 11 мај 2026 (МИА) - Во Зрновци денеска официјално беше формирано Доброволното противпожарно друштво – Зрновци, со што општината добива подготвеност и поддршка во справувањето со пожари и други непогоди.
По повод формирањето беше организирана тактичко-показна вежба што ја изведоа професионалците од Територијалната противпожарна единица од Кочани заедно со доброволците од Кочани, а претходно беше реализирана и обука за идните волонтери кои ќе бидат дел од друштвото во Зрновци.

Претседателот на ДПД, Борчо Коцев, истакна дека интересот кај граѓаните е голем и дека сè повеќе волонтери се подготвени активно да се вклучат во работата и помошта при итни ситуации.
Поддршка за новоформираното друштво најави и градоначалникот на Општина Зрновци, Ванчо Митев, кој посочи дека локалната самоуправа ќе помогне во неговото функционирање и понатамошен развој.

Со формирањето на Доброволното противпожарно друштво, Зрновци прави значаен чекор кон поголема безбедност и побрза реакција при пожари и кризни состојби, а ентузијазмот и заинтересираноста на волонтерите покажуваат дека хуманоста и солидарноста остануваат силно присутни меѓу граѓаните. ис/хс/
Фото: МИА