ДЗС одржа работна средба со Асоцијацијата на воените аташеа
- Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, денеска одржа работна средба со претставниците на Асоцијацијата на воените аташеа акредитирани во земјата.
Скопје, 4 февруари 2026 (МИА) – Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, денеска одржа работна средба со претставниците на Асоцијацијата на воените аташеа акредитирани во земјата.
Како што информираат од ДЗС, средбата била дел од програмските активности на асоцијацијата и имала за цел запознавање на аташеата со националниот систем за заштита и спасување, како и со системот за управување со кризи.
Преку интерактивна дискусија, воените аташеа поставиле прашања и размениле искуства поврзани со реагирање при итни ситуации. Од Дирекцијата посочуваат дека размената на информации придонела за дополнително продлабочување на знаењата во оваа област и дека армиите во повеќе држави имаат значајна улога во заштитата и спасувањето на населението. бк/нд/
Фото: ДЗС