Демократскиот сојуз: Да се забрани производството на марихуана
- Од 2017 година надлежното Министерство за здравство, во соработка со други институции (Министерството за земјоделство, Меѓуресорската комисија и други), издало 61 лиценца на фирми што можеле да произведуваат марихуана за медицински цели, се наведува во соопштението од Демократскиот сојуз, што МИА го пренесува интегрално.
Скопје, 6 февруари 2026
Демократскиот сојуз (ДС) бара парламентот на Македонија по скратена постапка да донесе измена на законите со кои ќе се забрани производството на марихуана (Cannabis sativa) за наводни медициски цели.
Од 2017 година надлежното Министерство за здравство, во соработка со други институции (Министерството за земјоделство, Меѓуресорската комисија и други), издало 61 лиценца на фирми што можеле да произведуваат марихуана за медицински цели, се наведува во соопштението од ДС, што МИА го пренесува интегрално.
Повеќе од јасно е дека контролата затаила поради што се случија фингирани кражби, пресметки помеѓу наркомафијата, заплени на канабис од полицијата итн., но криминалниот бизнис продолжи бидејќи наркомафијата, во која беа вклучени и носители на највисоки државни функции од претходната власт, стекнаа огромна финансиска моќ и политичко влијание.
Демократскиот сојуз силно ја поддржува акцијата на МВР за заплена на канабисот и инсистира да постапува неселективно и јавно да бидат објавени сопствениците (формални и неформални) на фирмите што произведуваат канабис, како и тоа кој и кога ги издал лиценците за производство на канабис итн.
Министерството за здравство во соработка со другите надлежни институции да објави колку количини на канабис се произведени, каде се тие количини (продадени, ва резерва, украдени итн.) и колку профит е остварен.
Запленетите 32 тона канабис (5 во Србија и 27 тони во Македонија) - тоа е засега гребење по површината на овој наркобизнис, кој има тешки последици врз здравјето на младите генерации, политичката стабилност, владеење на правото и меѓународниот углед на државата.
Бараме да се прошири одговорноста и кон носителите на функции од надлежните министерства што издавале лиценци и кои затаиле со контролата на спроведување на законите за да се спречат злоупотребите.
Одземените количини се премногу за Балканот, а не за медицинските потреби на Македонија.
Очигледно е дека првобитната хумана цел е злоупотребена и затоа се потребни итни законски промени.
Демократски сојуз