• среда, 18 март 2026

Хоџа-Касами: Силен инвестициски фокус на животната средина во Тетово

Хоџа-Касами: Силен инвестициски фокус на животната средина во Тетово

Скопје, 26 февруари 2026 (МИА) -  Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска одржа работен состанок со градоначалникот на Тетово, Билал Касами.

Како што информираат од МЖСПП, во фокусот на разговорите беа инвестициите кои Министерството ги реализира во Тетово, вклучувајќи ја реконструкцијата на главниот водовод од Попова Шапка до градот, проширувањето на примарната мрежа во населбата „Вонвардарска“ и изградбата на колектори за атмосферска канализација во Фалише и Дарданија, проекти кои се во различни фази на реализација.

На средбата беа разгледани проектите финансирани од Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој, вклучувајќи ја втората фаза на реконструкција на водоводот и изградбата на Станицата за трансфер на отпад во Тетово, како и тековните ИПА проекти.

Соговорниците се обврзаа на тесна институционална соработка за ефикасна реализација на проектите и одржливо подобрување на условите за живот на граѓаните на Тетово.вј/

Фото: МЖСПП

Остани поврзан