Двајца повредени во напад со дрон врз градот Измаил во украинската област Одеса, соопштија властите
- Две лица се повредени синоќа во напад со беспилотно летало врз градот Измаил во украинската област Одеса.
Одеса, 27 февруари 2026 (МИА) - Две лица се повредени синоќа во напад со беспилотно летало врз градот Измаил во украинската област Одеса.
Жртвите се три и пол годишно девојче и 44-годишен маж, објави оперативниот штаб на регионалната администрација на својата фејсбук-страница.
Повредените се хоспитализирани во умерено тешка состојба, лекарите им ја даваат потребната помош, соопшти администрацијата.
„Ноќта спроти 27 февруари Русите со дронови нападнаа цивилна и пристанишна инфраструктура во областа Измаил. Евидентирани се штети на пристанишните резервоари и на градежен кран, како и на фасадата и на прозорците на станбена зграда, автомобили и медицински објект. Уништен е и објект на градинка“, се вели во соопштението на оперативниот штаб на регионалната државна администрација на Измаил.
Службите за итни случаи работат на отстранување на последиците од нападот. рп/јт/
Фото: МИА архива