• петок, 05 декември 2025

Два сребрени и еден бронзен медал за македонските таеквондисти на „Плевен Опен 2025"

Два сребрени и еден бронзен медал за македонските таеквондисти на „Плевен Опен 2025

Скопје, 4 ноември 2025 (МИА) - Македонска Традиционална таеквон-до федерација (МТТФ) изминатиот викенд учествуваше на меѓународниот натпревар за деца до 14 години „Плевен Опен 2025“ и освои три медали – два сребрени и еден бронзен.

Со сребро се закитија Христијан Шибакоски (спаринг/борби -40 кг кадети 12-13) и Кристијан Гагалески (спаринг/борби -30 кг кадети 10-11 години)
Бронза освои Теодор Ѓорски (спаринг/борби  -40 кг кадети 10-11)

- Огромно задоволство ми е кога ќе видам како нашите млади натпреварувачи стануваат  борци и уште од мали нозе даваат се од себе за да освојат медал од  вакви квалитетни  натпревари, пред се покажувајќи храброст и пожртвуваност  од мали нозе, достојно претставувајќи и ги боите на Македонија. Исто така ме радува што имаме млади генерации кои ветуваат светла иднина за нашиот спорт и кои се пример за нивните генерации како треба достојно да се претставува нашата државата, изјави Марјанчо Лазаревски претседател на М.Т.Т.Ф.

Македонската репрезентација на турнирот учествуваше со пет натпреварувачи. зс/

Фото: МТТФ

Остани поврзан