Гутереш: Глобалните проблеми нема да се решат со тоа што една сила ќе ги носи сите одлуки
- Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, го критикува геополитичкото однесување на Кина и на Соединетите Американски Држави под претседателство на Доналд Трамп, пренесе ДПА.
Њујорк, 30 јануари 2026 (МИА) - Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, го критикува геополитичкото однесување на Кина и на Соединетите Американски Држави под претседателство на Доналд Трамп, пренесе ДПА.
- Глобалните проблеми нема да се решат со тоа што една сила ќе ги носи сите одлуки - рече Гутереш, кој се повлекува од функцијата на крајот на годината, на својата последна новогодишна прес-конференција во Њујорк.
- А нема да се решат ни со тоа што две сили ќе го делат светот на ривалските сфери на влијание - додаде тој.
На новинарско прашање Гутереш појасни дека под „една сила“ мислел на Соединетите Американски Држави, а „две сили“ се однесувало на САД и Кина. Светот мора да се фокусира на мултиполарност, рече тој.
- Мултиполарност, која е вмрежена, инклузивна по дизајн и способна да создаде рамнотежа преку партнерства. Партнерства во трговијата, во технологијата и во меѓународната соработка - истакна Гутереш. јт/
Фото: ДПА