Гутереш ги повика САД и Израел да ја прекинат војната со Иран
- Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, ги критикуваше различните фракции во тековниот блискоисточен конфликт, велејќи дека борбите „ги пробија границите што дури и лидерите ги сметаа за замисливи“.
Њујорк, 25 март 2026 (МИА) – Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, ги критикуваше различните фракции во тековниот блискоисточен конфликт, велејќи дека борбите „ги пробија границите што дури и лидерите ги сметаа за замисливи“.
Тој ги повика САД и Израел, чии заеднички напади минатиот месец ја почнаа војната против Иран, да ги прекинат борбите бидејќи „хуманитарното страдање се продлабочува, цивилните жртви растат, а глобалното економско влијание е сè попогубно“.
- Мојата порака до Иран е да престане да ги напаѓа своите соседи – додаде Гутереш.
Тој, исто така, го најави назначувањето на ветеранот на француската дипломатија, Жан Арно, за личен пратеник кој ќе ги предводи напорите на светската организација за конфликтот и неодамнешните мировни напори кои се во тек. јт/сд/
Фото: ОН