• петок, 27 март 2026

Грчевски повика нова ракометарка за дуелот со Белгија

Грчевски повика нова ракометарка за дуелот со Белгија

Скопје, 6.март 2026 (МИА) – Женската македонска ракометна репрезентација утре ја очекува дуелот од квалификациите за Европското првенство 2026 против Белгија. Селекторот Кристијан Грчевски беше принуден да повика нова ракометарка.

На националниот тим се приклучи Сара Стефановска, членка на романскиот тим Залау. Таа доаѓа на местото на Ивана Арсениевска, која се повреди.

На првиот натпревар одигран во саботата македонските ракометарки загубија со 26:25. Утрешниот дуел се игра во Куманово, а почетокот е во 17 часот. мн

Фото: Фејсбук РФМ

Остани поврзан