• петок, 17 април 2026

Шарлот ја прекина серијата победи на Њујорк

Шарлот ја прекина серијата победи на Њујорк

Шарлот, 27.март 2026 (МИА) – Екипата на Шарлот успеа да слави победа на еден од трите ноќешни дуели од НБА лигата со 114:103 против Њујорк и на тој начин да ја прекинат серијата од седум победи. Најдобар поединец на дуелот беше Кон Кнупел со 26 поени и шест постигнати тројки. На тој начин стана најмладиот кошаркар, кој во една сезона стигнал до бројка од 250 тројки, а беше и на чекор до „трипл-дабл“ бидејќи дуелот го заврши со десет скокови и осум асистенции.

Важна победа 129:108 постигна Детроит против Њу Орлеанс и на тој начин оваа екипа е се поблиску до освојувањето на првото место во Источната конференција.

Екипата на Орландо ја прекина серијата од шест порази откако на домашен терен го совладаа Сакраменто со 121:117. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан