• сабота, 16 мај 2026

Шио Трети е новиот поглавар на Грузиската православна црква

Шио Трети е новиот поглавар на Грузиската православна црква

Тбилиси, 12 мај 2026 (МИА) - Грузија доби нов патријарх по изборот на митрополитот Шио Муџири за поглавар на Грузиската православна црква, една од највлијателните институции во земјата.

Муџири (57), кој ќе го носи црковното име Шио Трети, добил поддршка од 22 митрополити на 39-члениот Синод на ГПЦ на состанокот одржана во Соборниот храм „Света Троица“ во Тбилиси.

Шио Трети го наследува патријархот Илија Втори, кој почина во март, а речиси пет децении беше поглавар на Грузиската православна црква.

Грузија е држава на длабоки политички поделби, каде што Православната црква и натаму се смета за обединувачки фактор.

Патријархот Шио Трети неколку години студирал во Русија и долго време важеше за најсериозен кандидат за наследник на Илија Втори. Критички настроените медиуми го опишуваат како фаворит и на грузиската власт и на Руската православна црква.

Церемонијалното устоличување на новиот патријарх е закажано за денеска во поранешната престолнина Мцхета. аб/сд

фото/ЕПА

Остани поврзан