• среда, 15 април 2026

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ поднесе предлог А-интегрирана дозвола до Министерството за животна средина

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ поднесе предлог А-интегрирана дозвола до Министерството за животна средина

Скопје, 26 март 2026 (МИА) - Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ денеска до Министерството за животна средина и просторно планирање поднесе сопствен предлог за А-интегрирана дозвола, изработена во согласност со европските регулативи за цементната индустрија, како и препораките на Светска здравствена организација за граничните лимити на загадување.

- Овој документ е резултат на заедничка работа на граѓани, еко-активисти и експерти, со цел компанијата да ги примени највисоките стандарди и да започне да функционира како современа, еколошка цементара во 21 век, наведуваат од иницијативата.

Потсетуваат дека на 11 март 2026 година, компанијата Титан Усје поднесе барање за обнова на А-интегрирана дозвола за работа и оти согласно законските рокови, Министерство за животна средина и просторно планирање не ја објавила дозволата во предвидениот рок од седум дена, што отвора можност постапката да се продолжи со дополнувања и да трае до 45–50 дена.

Според процедурата, најпрво ќе биде објавено барањето на Титан Усје, по што ќе следува јавна расправа во која граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ активно ќе учествува во овој процес. ев/ва/

ФОТО: Архива 

 

Остани поврзан