• вторник, 16 декември 2025

Граничниот премин Богородица затворен за секаков тип возила

Граничниот премин Богородица затворен за секаков тип возила

Скопје, 15 декември 2025 (МИА) - Од 18:00 часот сообраќајот на ГП Евзони (Богородица) е затворен за секаков тип на возила, информираат од АМСМ. На другите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. 

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. ев/

ФОТО: АМСМ

Остани поврзан