• петок, 21 февруари 2025

Градоначалник на Москва: Противвоздушната одбрана одби напади со дронови врз градот

Градоначалник на Москва: Противвоздушната одбрана одби напади со дронови врз градот

Москва, 24 јануари 2025 (МИА) - Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, соопшти дека силите за противвоздушна одбрана успешно одбиле неколку напади со дронови насочени кон главниот град на Русија.

Собјанин на „Телеграм“ изјави дека противвоздушната одбрана на југоисток од Москва уништила група дронови, но не прецизираше за колку точно дронови станува збор.

„Нема жртви и нема штета на местата каде што паднале остатоците од дроновите“, рече Собјанин, истакнувајќи дека специјализирани тимови се на терен.

Подоцна тој додаде дека два дрона кои се движеле кон Москва биле соборени во близина на Подолск, јужно од градот, додека трет бил соборен кај Троицк, југозападно од главниот град. Дополнително, уште една група од два дрона била соборена на југ од Москва. ссм/

фото: архива

Остани поврзан